Утрински Весник
Свет

Нова студија: Ризикот од изложеност на коронавирус во авионите е многу мал

Нова студија: Ризикот од изложеност на коронавирус во авионите е многу мал

Ризикот од изложеност на коронавирус во авионите е многу мал, покажа студија објавена од Министерството за одбрана на САД, што е позитивен знак за авионската индустрија која е силно погодена од последиците од пандемијата.

Според таа студија, спроведена во авиони „Боинг 777“ и „767“ на „Јунајтед ерлајнс“, за патник со маска, ризикот лебдечки честички да влезат во областа на дишните патишта во просек е 0,003 проценти, и тоа во полн авион.

Студијата предвидувала услови во кои било заразено само едно лице во авионот и не земајќи ги предвид можните движења на патниците во кабината.

Студијата утврдила дека маските помагаат во минимизирање на изложеноста на зараза кога некој кашла, дури и во соседните седишта. Благодарение на брзата циркулација на воздухот, системите за вентилација и филтрација, околу 99,99 проценти од честичките се филтрираат надвор од кабината во рок од шест минути.

„Овие податоци значат дека скоро нема шанси да бидете изложени на ризик од зараза во авион на ‘Јунајтед’, дури и ако вашиот лет е полн“, рече директорот на службата за корисници на „Јунајтед“, Тоби Енквист.

Студијата понатаму проценува дека, за да биде изложен на зараза, патникот ќе мора да помине 54 часа во авион, заедно со заразено лице.

Шестмесечното истражување опфатило 300 тестови спроведени на 38 часа лет и 45 часа тестирање на земја. Се засновало на прскање честички со големина на новиот коронавирус низ целата кабина опремена со сензори наместо со луѓе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Песков: Европејците прават сè за да ја убедат Украина да продолжи со војната

Руската воздушна одбрана соборила 170 украински дронови изминатата ноќ

Британија и Јужна Кореја размислуваат да испратат воени бордови во Ормутскиот теснец