Утрински Весник
Свет

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина по средбата Лавров и Кулеба?

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина по средбата Лавров и Кулеба?

Додека светот чека нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија, извор близок до организацијата на преговорите во Белорусија за руските медиуми изјави дека постојат индиции дека тоа ќе се случи по средбата на министрите за надворешни работи на Русија и Украина.

Да потсетиме, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во среда треба да отпатува за Турција, каде е планирана средба со неговиот украински колега Дмитриј Кулеба.

Според медиумите, средбата на двајцата министри треба да се одржи во четврток во Анталија.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека средбата на Лавров со неговиот украински колега во Анталија била планирана на која ќе учествува и турскиот министер за надворешни работи.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека се надева на траен прекин на огнот во Украина откако Лавров и Кулеба утре ќе се сретнат во Анталија.

Можете да прочитате

Македонец и двајца Срби убиени во Боливија: Телата биле спакувани во црни ќеси

Воз излета од шините во забавен парк во Британија, повредени 13 деца (ВИДЕО)

Први фотографии од телата завиткани во црни кеси по убиството во Боливија – 4 лица се уапсени