Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Нова понуда за станбен кредит со фиксна камата во првите 10 години

Нова понуда за станбен кредит со фиксна камата во првите 10 години
300x250 opst2

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Фиксна каматна стапка од 3,5 отсто во првите 10 години за станбен кредит е најновата понуда на Охридска банка што е достапна од денеска.

-Новиот концепт се однесува на станбен кредит со 10 години гарантирана каматна стапка што изнесува 3,5 отсто и е наменет за купување, изградба и реновирање недвижен имот. По десеттата година, каматната стапка е варијабилна и се пресметува врз основа на шестмесечната стапка на Еурибор.
Месечната рата за отплата на кредитот се дефинира од првиот ден и таа останува непроменета сè до истекот на десеттата година од отплатата, соопштуваат од банката.

Појаснуваат дека за кредит во висина од 30.000 евра и рок на отплата од 240 месеци, месечната рата во првите 10 години е загарантирана и изнесува 174 евра. Додека по десеттата година, каматната стапка е варијабилна и се пресметува врз основа на шестмесечната стапка на Еурибор. Па така, ако се земе во предвид моменталната каматна стапка од 5,80 отсто плус шестмесечната стапка на Еурибор, ратата би изнесувала 193 евра.скс/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во август годинава исплатени 19,5 милиони евра

ЧОКОЛАДА И ШЕЌЕР – Сладок бизнис за крупен финансиски залак

ДДВ-то за нарачките до 22 евра од Тему било заради јакнење на македонската економија, велат од Финансии