Утрински Весник
Македонија

Избран концесионер за Офицерскиот дом во Велес

На јавниот повик за јавно приватно партнерство на Офицерскиот дом во Велес се јавиле две заинтересирани компании

Велес  20 февруари 2020 (МИА) – Друштвото за производство трговија и угостителство „Нексус Компани“ ќе стопанисува со поранешниот Офицерски дом во Велес во наредните 20 година,а единствено како угостителски објект. Како што информира на денешната прес-конференција градоначалникот Аце Коцевски на вчерашното јавно  надавање минималната цена била 5 илјади денари , а почетната цена била 15 илјади евра, а биле постигната највисока цена од 5,44 милиони денари без ддв или 88,455 евра без ДДВ годишно.

Или концесионерот ќе мора месечно да и плаќа на Општина Велс 7371 евра. На јавното надавање учествувале три фирми сите со валидни апликации,а освен оваа уште и фирмите „Романтик хотели“ и „Ц и Г“ Група Велес.

Коцевски информира дека согласно одредбата од член 21 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство е должен да го извести и да му предложи на Советот на Општина Велес најдоцна во рок од 30 дена да донесе одлука за избор на најповолна понуда,за потоа тој да ги уплати средствата во Општинскиот буџет.  

Инаку инвеститорот согласно договорот е должен да го ревитализира објектот.Тој  во првите пет години ќе биде ослободен од плаќање на месечна кирија во противвредност на вложените средства за реконструкција на објектот.

Инаку претходната локална власт сакаше Офицерскиот дом да го направи Градска куќа со сала за венчавање, канцеларии на парламентарците и други намени. Таа го уреди само дворот  на објектот, во парк,  а зградате  со години стоеше празна и руинирана. ад/ац/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Ќе ја вратиме надежта на народот, резултатите ќе се почувствуваат во првите 100 дена на новата Влада

Силјановска: Има ли поголема промена од таа првпат жена да стане претседател

Проекција на ДИК за бројот на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5