Утрински Весник
Култура

Нова поетска книга од Христо Петрески

Издавачката куќа Македонија Презент од Скопје ја објави новата поетска книга Триод, триади од Христо Петрески. Книгата содржи вкупно 80 песни во кои се опеани теми од секојдневието, современоста, егзистенцијата, делникот, иднината.

Христо Петрески негува концизен и лапидарен исказ, па и сите песни во книгата се од три строфи, односно се во форма на триади. Во духот на тој од авторот таканречен триод се испишани стихови создадени за време на пандемијата, кога творците во изолација беа главно свртени кон себеси и интензивно создаваа свое ново творештво.

Инаку, со оваа поетска книга Петрески го заокружува својот творечки поетски циклус создаден во карантински услови поради вирусот Ковид 19.

Текстот Нова поетска книга од Христо Петрески е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“