Утрински Весник
Македонија

Нова планинска вело патека на Водно

Нова планинска вело патека на Водно
Ss2

За развој на велосипедскиот туризам и љубителите на планинарскиот велосипедизам, како дел од проектот „Велосипедски парк Водно“, неодамна започна уредувањето на нова планинска велосипедска патека на Водно.

Новата планинска велосипедска патека со вкупна должина од 3.432 метри ќе се протега од полициската станица па  до Средно Водно. Таа е со променлива широчина (најмногу до 3 метри) и, што е важно, ќе биде посебна патека наменета исклучиво за велосипедистите, односно целосно одвоена од патеките на Водно што се наменети за пешаци и планинари. Ова доаѓа како одговор на потребата за зголемување на безбедноста на сите посетители на Водно, преку физичко одвојување на велосипедистите од пешаците и планинарите.

Патеката ја следи постојната конфигурација на теренот и не го нарушува природното опкружување, а при нејзината изградба нема да се оштетат или сечат околните дрвја. Се очекува истата да биде целосно готова за околу еден месец.

Проектот за уредување на оваа планинска велопатека се реализира во соработка и е кофинансиран од страна на Советот за регионална соработка (Regional Cooperation Council).

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Лимани: Судот ја прифати жалбата на коалицијата ВЛЕН за „бугарскиот воз” во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност

Санкционирани 130 брзи возачи – 24info.mk