Утрински Весник
Свет
Img 7972

Нова кривична пријава против Навални- неговата организација според судот е екстремистичка

Нова кривична пријава против Навални- неговата организација според судот е екстремистичка
Img 7972

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални се соочува со нова кривична пријава за основање на организација која претставува закана за правата на руските граѓани, јавуват руските медиуми.

Истражителите рекоа дека Фондацијата на Навални, која Русија ја прогласи за екстремистичка во јуни и беше забранета, ги извршува наредбите на странски агент и ги охрабрува граѓаните да вршат незаконски дејствија.

Навални, кој издржува затворска казна од две и пол години под обвиненија што тој самиот ги опиша како измислени, го отфрла ставот на судот дека неговата Фондација е екстремистичка организација.

Тој смета дека ова е обид да се неутрализира опозицијата на владејачката партија „Единствена Русија“, пред парламентарните избори во септември.

Можете да прочитате

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД