Утрински Весник
Свет

Нова Каледонија на референдум за независност од Франција

Нова Каледонија на референдум за независност од Франција
Dik 300x250 mk

Граѓаните на Нова Каледонија, прекуморска територија на Франција, излегоа на референдум за да одлучат дали се за независност од Франција.

Утрово беа отворени 304 избирачки места на вториот референдум за самоопределување, со што би ги прекинале врските воспоставени уште кон средината на 19 век.

Речиси 180.000 гласачи треба да одговорат на прашањето дали сакаат Нова Каледонија „да добие целосен суверенитет и да стане независна“.

„Денес не е како било кој друг ден. Секој е на нозе од раните утрински часови затоа што сака да гласа“, изјави за АП граѓанин на Нова Каледонија.

На тој архипелаг, оддалечен 18.000 километри од Париз, првиот референдум се одржа на 4 ноември 2018 година, а приврзаниците за останување дел од Франција победија со 56,7 проценти од гласовите.

Нова Каледонија стана француска територија во 1853 година и првично беше казнена колонија. Оттогаш, независноста е цел на домородното население Канак, кое сочинува околу 40 проценти од населението. Тие во минатото биле подложени на сериозна полициска сегрегација и дискриминација.

Европејците сочинуваат 27 проценти од населението во Нова Каледонија, која располага со големи резерви на никел.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тројца загинати, осуммина исчезнати во лавина во Непал

Ердоган: Израел продолжува со окупација и напади врз Појасот Газа

Медведев: Колку повеќе пари Западот троши за Киев, толку повеќе територии ќе ѝ се вратат на Русија