Утрински Весник
Економија

Нова инвестиција на „Пуцко Петрол“

Img 606e139bf100a751594ff3fe48b1c0fb v
Dik 300x250 mk

Нафтената компанија Пуцко Петрол го купи земјиштето на поранешната фабрика „Алумина“ за 24 милиони евра.По долги преговори е склучена зделката со израелската компанија „Газит глоуб“ која претходно го поседуваше ова земјиште. Во време на глобална пандемија и економска криза, компанијата решава да инвестира дома. Целта е да се ревитализира целиот простор и да се стави фокус на зелените површини и парковите.

„Во време кога светот запре, кога фирмите се на голем удар од кризата предизвикана од вирусот Ковид 19, нашата компанија ќе го урбанизира овој простор. Целта е да се даде репрезентативен изглед на овој дел на Скопје, следејќи ги секако енергетско-ефикасните трендови во Европа“, вели Асмир Јахоски, сопственик на Пуцко Петрол.

Во наредниот период, ќе следат длабински анализи и долг процес на планирање за идната инвестиција. „Бенефит ќе има за целиот град, но и за општината Карпош која ќе добие модерен и зелен комплекс “,вели Јахоски.

Инвестицијата која би се случила на овој простор, се проценува на 150 милиони евра.

Можете да прочитате

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност