Утрински Весник
Свет

Нова економска помош за Украина од САД во вредност од 1,7 милиони долари

САД ќе и’ исплатат на Украина нова транша од економската помош во вредност од 1,7 милијарди долари, изјави американскиот министер за финансии Џенет Јелен.

dobivaj vesti na viber

„Овој пакет економска помош за Украина е дел од ветувањето на претседателот Џо Бајден дека ќе ја поддржи украинската влада додека ја брани украинската демократија од неоправданата и неиспровоцирана војна на Русија“, рече Јелен.

Украинската влада ќе ја добие оваа нова помош преку Светската банка, а таа е дел од економската помош вредна 7,5 милијарди долари што САД во мај му ја ветија на Киев.

Можете да прочитате

Пезешкијан: Одлуката за ставање крај на војната е во рацете на САД

Арапските партии дисквалификувани од изборите во Израел, одобрено учеството на крајнодесничарската „Оцма Јехудит“

Десетици делегати демонстративно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН на почетокот на говорот на Нетанјаху