Утрински Весник
Свет

Новата влада на Словачка доби доверба во парламентот: Едуард Хегер е новиот премиер

Новата влада на Словачка доби доверба во парламентот: Едуард Хегер е новиот премиер

Купувањето на руската вакцина „спутник В“ предизвика политичка криза во Словачка, па затоа денеска се гласаше за доверба на новата влада, а пратениците му изразија доверба на премиерот Едуард Хегер со 89 гласа „за“ и 55 „против“.

Претседателката Зузана Чапутова формираше нов кабинет на 1 април, кога владата предводена од Игор Матович поднесе оставка, со што стана првата европска влада што пропадна поради начинот на кој ја водеше земјата за време на пандемијата, објави „Ројтерс“.

Новата влада има и четири партии во коалицијата и со гласање на доверба ја избегна можноста за предвремени избори.

Матович склучи договор за купување на два милиони вакцини „спутник“, иако неговите коалициски партнери не се согласија со идејата.

Две од партиите, За народот и Слобода и солидарност, побараа оставка од премиерот за да опстане коалицијата.

Можете да прочитате

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови