Утрински Весник
Спорт

Новак Ѓоковиќ вечерва го игра мечот на кариерата

Новак Ѓоковиќ вечерва го игра мечот на кариерата

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ вечерва со почеток од 22 часот по средноевропско време во Њујорк го игра најважниот меч во кариерата. Противник во големото финале на грен слем тенискиот турнир САД опен ќе му биде вториот светски тениски рекет во моментов, Данил Медведев од Русија. Тој досега во кариерата се уште нема освоено грен слем титула.

Србинот, пак, има можност да е првиот тенисер по цели 52 години кој освоил календарски грен слем – титула на сите 4 годинешни тениски турнири. Последен пат тоа му успеа на Род Лејвер во далечната 1969 година.

Вечерашниот меч е посебен за Ѓоковиќ и поради фактот што со триумф ќе им побегне на големите ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал по бројот на грен слем титули. Тој и имал 21, а тие по 20.

„Еден меч остана, се е тука. Ќе го дадам и срцето и телото и главата. Се ќе дадам. Ќе го играм овој меч како да ми е последен во кариерата“ рече Ѓоковиќ.

Тој против Медведев има 5 победи во 8 меча.

Рускиот тенисер, пак, вели дека не го интересираат рекордите на Ѓоковиќ.

„Можеби еден ден ќе се зборува за мене како за човекот кој го запрел Ѓоковиќ, но за тоа воопшто не размислувам. Сигурно дека притисокот ќе биде врз него, но ќе има и голема мотивација, поради што ќе биде уште посилен“ смета рускиот тенисер.

Медведев во 6 меча на актуелниот САД опен загуби само еден сет.

> Новак Ѓоковиќ вечерва го игра мечот на кариерата <

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига