Утрински Весник
Економија

НЛБ Банка: Изработени првите 35.000 платежни картички, граѓаните да ги ажурираат податоците

НЛБ Банка: Изработени првите 35.000 платежни картички, граѓаните да ги ажурираат податоците
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – НЛБ Банка денеска информираше дека се изработени првите 35.00 домашни платежни картички и оти се во фаза на дистрибуција. Сите корисници на финансиската поддршка кои се распределени во НЛБ Банката ќе добијат СМС порака дека картичката е изработена и ќе биде доставена на домашна адреса.

– За точна и навремена достава на картичката, НЛБ Банка ги повикува сите клиенти кои сè уште не ги ажурирале своите податоци, да го сторат тоа во најкус можен рок, преку веб страницата на Банката на линкот https://nlb.mk/domasnaplateznakarticka.aspx и да ги внесат потребните  податоци. Воедно, по добивање на картичката клиентите ќе можат да ги следат сите свои реализирани трансакции и да имаат увид во состојбата на нивната картичка преку НЛБ мКлик мобилното банкарство кое може да го преземат и користат без дополнителни трошоци и надоместоци, се наведува во соопштението.

НЛБ Банка ќе изработи вкупно 113.000 картички. Издавањето ќе се одвива етапно, а крајниот рок е 18 јули. Граѓаните ќе можат да ги користат средствата од картичката до 15 август за купување македонски производи.

За повеќе информации во врска со домашната платежна картичка, граѓаните може да се обратат на телефонскиот број 02/ 15 600, на e-mail: info@nlb или директно да ја контактираат Банката преку социјалните мрежи. бак/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра