Утрински Весник
Економија

НЛБ Банка го продолжува периодот за бесплатно користење на мобилно и електронско банкарство до 31 мај

Грабеж во експозитуратa на НЛБ Банка во Сарај
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Согласно барањата клиентите за продолжување на периодот за бесплатно користење на мобилното и електронското банкарство, нивна поддршка во користењето на дигиталните услуги, како и обезбедување на поголема заштита на вработените и клиентите од Корона вирусот, НЛБ Банка го продолжува периодот за бесплатно користење на мобилно и електронско банкарство до 31- ви мај.

Со ова, на клиентите им е овозможено да ги извршуваат сите банкарски трансакции од дома, директно преку мобилен телефон или компјутер, без провизија за електронски налози и без трошоци за месечен надомест за користење на НЛБ мКлик мобилното банкарство, соопшти банката.

-Уште еднаш, НЛБ Банка апелира до сите свои клиенти да се грижат за јавното здравје, да се заштитат себеси, а со тоа и да ги заштитат другите. Преку користење на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство сите трансакции можат да ги реализираат од својот дом, без потреба од посета на експозитура, се додава во соопштението. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Магистралните гасоводи за кои се вложени над 143 милиони евра се уште не се ставени во употреба

УЈП со повик до организаторите на зелени пазари до 31 декември да поднесат Извештај ПДД-И/ЗП

МФ: Нови 14,2 милиони евра поддршка за домашните компании