Утрински Весник
Магазин

Нил Јанг ќе го тужи Трамп поради авторски права

Нил Јанг ќе го тужи Трамп поради авторски права
Ss2

Нил Јанг ќе поднесе тужба против американскиот претседател Доналд Трамп за да спречи објавување на неговите песни на претседателските избори во ноември.

Американскиот пејач смета дека неговите авторски права биле повредени затоа што делови од песните Rockin’ In The Free World и Devil’s Sidewalk биле пуштани без негово одобрување на неколку изборни митинзи на Доналд Трамп, па дури и на последниот во Тулса.

Нил Јанг не може ниту со душа ниту со совест да овозможи неговата музика да служи како ‘рбет во антиамериканската кампања на незнаење и омраза, склона на конфликт, се наведува во тужбата.

Судската постапка не е датирана, но покажува дека адвокатите на 74-годишниот пејач, кој бара отштета од 150.000  долари и камата за секоја повреда, имаат намера да ја поднесат во судот во Њујорк.

Нил Јанг во неколку наврати го осуди користењето на неговите песни на изборните митинзи на Доналд Трамп.

Јанг, кој е роден во Торонто, во февруари изјави дека Трамп е срам за САД.

Неколку музички sвезди, меѓу кои и Фарел Вилијамс, Ријана, „Аеросмит“ и Адел, како и наследниците на Принц, се пожалија дека нивните песни се користеле на митинзите на Трамп.

И познатите „ролингстоунси“ му се заканија со тужба на суд ако тој продолжи да ја пушта нивната песна You Can’t Always Get What You Want.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август

Ѓумбирот и јаболковиот оцет ги елиминираат стомачните проблеми