Утрински Весник
Магазин

Никол Кидман жали што нема повеќе деца

Никол Кидман жали што нема повеќе деца

Актерката Никол Кидман (54) е мајка на Изабела (28) и Конор (26), кои ги посвои со својот поранешен сопруг Том Круз, како и Сандеј (13) и Фејт (10), чиј татко е сопругот на Никол, Кит Урбан.

Мајката на четири деца ја откри својата голема желба да има повеќе деца, но таа желба не ѝ се остварила. Таа откри дека многу ѝ е жал и дека сака да постои опција да го прошири семејството.

„Постојат работи за кои жалам, а тоа пред сè е што немам повеќе деца,“ рече таа за магазинот „Мари Клер Австралија“.  „Би сакала да имав повеќе деца, но не ми беше даден тој избор.“

„Но, тоа е во ред. Имам шест внуки и внуци и сум кума на 12. Го сакам мајчинството, ги сакам децата.“

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои никогаш не се задоволни, секогаш бараат „повеќе“

Како правилно да ги перете патиките во машина без да ги оштетите

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“