Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Николоски: Не очекувам одложување на изборите, единствен кој ја форсира оваа тема е Заев

Николоски: Не очекувам одложување на изборите, единствен кој ја форсира оваа тема е Заев
Img 7972

Не очекувам одложување на изборите, единствен кој ја форсира оваа тема е Зоран Заев и СДСМ затоа што се свесни дека ќе им се случи пораз, и изборите не треба да бидат одложени вклучително и заради епидемиолошката слика која е во Македонија, затоа што се покажа дека во еден период од година и пол власта не успева да се справи со корона пандемијата, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„Македонија е последна во Европа што набави вакцини, во Македонија долго време немаше вакцини, луѓето мораа да одат во Србија да чекаат редови за да се вакцинираат, во Македонија мерките за поддршка на стопанството се најслаби од сите земји во регионот, да не зборувам за европско ниво. Исто така во Македонија најмалку се одвојува од БДП за поддршка на стопанството и во Македонија имаме хаотични мерки кои гледаме дека во суштина ги смислуваат Заев и Филипче, а не стручни луѓе“, кажа Николоски.

Според него „затоа што стручните луѓе излегоа и кажаа дека овие мерки ги предложиле порано, а дел воопшто не ги предлагале и со истите не се согласуваат е причина плус за избори“.

„Сето ова покажува дека има еден тотален хаос, дека власта не знае да го менаџира овој процес со коронавирусот затоа се потребни избори за да се промени оваа власт и да дојде една компетентна власт која ќе почне да ги решава проблемите“, рече Николоски.

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник