Утрински Весник
Македонија

Николоска: Концептот едно општество е концепт кој води напред и носи грижа за сите

Николоска: Концептот едно општество е концепт кој води напред и носи грижа за сите

Нашиот регион, Полог е најголемата мешавина на различни националности, вери и култури во целата држава. Поранешната политика ни направи длабоки поделби и не убеди дека за секое зло во животот ни се криви оние другите. А всушност погледнете околу себе. Како комшии се почитуваме, како колеги се почитуваме, пазаруваме едни кај други и генерално сите што ги знаеме а се од друга национална припадност или вера, ги почитуваме. Поделбите се наметнати, а се неприродни, затоа и го воведовме концептот eдно општество за сите, истакна пред гостиварчани носителката во шестата Изборна Единица од СДСМ, Фаница Николоска.

Истовремено доаде и дека “За овие двевипол години јасно го фативме Евроатлантскиот пат. Видовте дека можеме. Дека сите тие измислени , непремостливи пречки беа само изговор да се изолираме од светот, за една мала група на луѓе да ве манипулира и да ви ги краде парите. Наместо суштински реформи добивте споменици. Наместо праведно судство добивте нарачани пресуди и судии од тефтерчиња. Наместо социјална помош добивте скапо платени реклами кој го поматуваа умот со националистички идеи.”

После 11 години пекол, додаде таа, видовте дека само за две ипол години можело да влеземе во НАТО, да ги започнеме Европските интеграции, и да добиеме поддршка од целиот демократски свет.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик

Петровска: Нападот на Кацарска е напад на слободата и демократијата