Утрински Весник
Македонија

Николовски: Почитувањето на здравствените протколи на работните места е важно за да нема застој на производствените процеси

Николовски: Почитувањето на здравствените протколи на работните места е важно за да нема застој на производствените процеси

 

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска во Штип, одржа работна средба со директорката на Инспекторатот за труд (ДТИ) Јована Тренчевска и со дел од инспекторите од овој инспекторат. На средбата се разговараше за работата на ДТИ, надзорите кои се спроведуваат на терен како и за идните активности на инспекторатот.

Вицепремиерот Николовски посочи дека во овој период на пандемија предизвикана од вирусот КОВИД 19, освен мерките за заштита на граѓаните, важно е да нема застој на производствените процеси, и сите активности на фирмите, фабриките и на другите капацитети, да продлжаат непречно да се извршуваат.

„Затоа од исклучителна важност е работодавачите да обезбедат безбедни услови за работа, со кои ќе го заштитат здравјето на работниците и почитување на правата на работниците, а со тоа ќе се обезбедат услови за одржливо производство, и за продуктивност на економијата во целост. Токму Државниот инспекторат за труд е клучниот контролен механизам за надзори врз примената на уредбите и здравствените протоколи за работа на работните места. Работниците се моторот на нашата економија, и во оваа здравствена криза мора да се грижиме и да носиме мерки за да го зачуваме секое работно место“, изјави вицепремиерот Николовски

При тоа, Николовски посочи дека и овој инспекторат доби надлежност да постапува и по новите Уредби и КОВИД протоколи, а кои се однесуваат на превентивни мерки за сите работни места, а дополнително со најновите измени на Законот за заштита на населението од заразни болести, трудовиот инспекторат исто така доби поголеми надлежносити за постапување со прекршителите на уредбите и протколите.

Директорката на Инспекторатот за труд, Тренчевска изјави дека овој инспекторат врши инспекциски надзори во сите јавни и приватни правни субјекти во однос на примената на законите и другите прописи за работните односи, вработувањето, безбедноста и здравје при работа и колективните договори, договорите за вработување, а со појавата на пандемијата инспекторатот доби надлежност да постапува и по новите Уредби и КОВИД протоколи, а кои се однесуваат на превентивни мерки за сите работни места.

„Во ноемрви се спроведоа 2.272 надзори во правни субјекти, издаени се 106 решенија за утврдени нерегуларности кај правните субјекти и издадени се 15 платни за непочитување на Протоколот 1 и на одредбите од Законот за заштита на наслеението од заразни болести. Во текот на месец декември, односно изминатите три дена се извршени 391 надзор кај правни субјекти и издадени се 15 решенија за утврдени нерегуларности, согласно регулативата за работни односи и Законот за здравје и безбедност при работа. Не се утрвдени нерегуларости во делот на почитувањето на здравстените протоколи, што знали дека постепено правните субјекти ги почитуваат протколите“, изјави Тренчевска.

Вицепремиерот Николовски потенцираше дека во владина процедура е информацијата за кадровско зајакнување на инспекциските служби, со што селдната година ќе се овозможат нови вработувања во оние инспкециски служби кадешто има потреба, согласно анализата на Инспекцискиот совет.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, рече Мицкоски со барање ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола оти долгот бил 5 милијарди денари

Лукаревска до Мицкоски: Граѓаните се гушат, каде ви е планот за чист воздух?

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален