Утрински Весник
Економија

Никола Рибароски избран за претседател на Комората на друштва за геодетски работи

Никола Рибароски избран за претседател на Комората на друштва за геодетски работи

На редовно годишно собрание, делегатите го избраа Никола Рибароски за претседател на Комората на друштва за геодетски работи.

По изборот тој истакна дека ќе ги застапува заедничките интереси на членовите на Комората институциите на национално и интернационално ниво, ќе ги чува угледот, честа и правата на членовите и вработените овластени геодети, и ќе се грижи дејност да ја вршат во согласност со матичниот Закон.

Рибароски е дипломиран геод. инжинер и магистер по технички науки на Градежниот факултет во Скопје. Има повеќегодишно искуство во секторот и во изминатиот мандат беше член на управниот одбор на Комората.

„Рибароски делуваше со силни и континуирани заложби за подобрување на условите за работа за геодетските друштва, но и за зголемување на јавните овластувања за геодетите кои се неопходни за либерализација на пазарот и економски раст на секторот“, се наведува во соопштението на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Гувернерот Славески: Се подготвува исплата на пензиите на 3.500 пензионери без платежни картички, се разгледува можноста за еднократно подигнување до 20.000 денари за нив

Левица: ДПМНЕ и Славески им одредија џепарлак на граѓаните дури и од нивните сопствени пари во АЛТА банка