Утрински Весник
Свет

„Ние не сме свињи“ – стотици Бразилци протестираа против ковид-вакцината

„Ние не сме свињи“ – стотици Бразилци протестираа против ковид-вакцината

Повеќе од 300 Бразилци се собраа во Сао Паоло во неделата вечерта во знак на протест против државната поддршка за задолжителна имунизација против Ковид-19 и тестирање на потенцијалната вакцина изработена од кинески „Синовак“.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Ние не сме свињи“, „Не сакаме вакцина“, а многу учесници не носеа заштитни маски.

„Ова не се случува никаде во светот, па дури ни во Кина“, рече еден од демонстрантите.

Претходно, гувернерот во земјата, Жоао Дорија, рече дека имунизацијата треба да биде задолжителна кога вакцината е патентирана, што е спротивно на ставот на претседателот Жаир Болсонаро, кој смета дека вакцинацијата мора да биде доброволна.

Повеќето вакцини во Бразил се задолжителни. Во Сао Паоло се тестира вакцината на кинеската компанија „Синовак“ како дел од третата фаза на клиничко тестирање.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Објавуваа за луксузниот живот на политичарите, па владата ги укина социјалните мрежи, како започнаа протестите во Непал

Претседателката на Молдавија: Русија сака да нè претвори во отскочна даска за напади во ЕУ

Израел со ракетен напад врз главниот град на Катар, гаѓал лидери на Хамас