Утрински Весник
Магазин

„Ние за Индија“: И ѕвездите на помош во борбата против Ковид-19

„Ние за Индија“: И ѕвездите на помош во борбата против Ковид-19

Големи музички имиња, меѓу кои и Ени Ленокс, Ед Ширан и сер Мик Џегер, ќе им се придружат на боливудските sвезди во обид да соберат пари за хуманитарна помош за Индија среде тешка битка против Ковид-19.

Виртуелен добротворен настан под наслов We For India: Saving Lives („Ние за Индија: спасување животи“) ќе се одржи во недела на 15 август, и во Лондон и во Мумбаи.

Тричасовниот настан, кој го води социјалното претпријатие The World We Want, („Светот што го сакаме“), ќе биде пренесуван преку Фејсбук.

На него ќе настапат повеќе од 80 индиски изведувачи, вклучувајќи го и композиторот Рахман. На настанот ќе учествуваат и Нил Роџерс, Систер Слеџ, Џеј Шети и Ненси Ајрам.

Рајкумар Рао, ѕвездата на „Белиот тигар“, номиниран за Оскар и Бафта, ќе биде домаќин на настанот.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 12 мај 2026 година

Глобалниот форум за дизајн ќе ги собере врвните меѓународни дизајнери во Истанбул

„Евровизија“ меѓу политиката и мега-спектаклот: Кои се фаворитите за победа?