Утрински Весник
Македонија

Не се знае дали ќе се одржи седницата за избор на претседател на Собранието

Не се знае дали ќе се одржи седницата за избор на претседател на Собранието

Се уште не се знае дали денеска ќе се одржи седницата на која треба да биде реизбран Талат Џафери за претседател на Собранието.

Се очекува да биде доставен предлог со потписи од најмалку 20 пратеници и да се закаже конститутивната седница, а пратеничките групи добиле известување дека седницата ќе продолжи попладнево.

Конститутивната седница се очекуваше да продолжи вчера, но тоа не се случи. Дел од медиумите јавија дека одржувањето го кочи незадоволство кај пратеници од ДУИ поради кадровските решенија за новата влада, односно поделбата на ресорите.

Изборот на Џафери за собраниски спикер го најави пред два дена лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по состанкот на Централниот совет на партијата.

Џафери беше предложен повторно да претседава со Собранието, во рамки на договорот помеѓу СДСМ и ДУИ за владината коалиција.

Претседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број на пратеници, а парламентарното мнозинство кое го договорија Заев и Ахмети го сочинуваат 62 пратеници, од кои 46 пратеници на СДСМ, 15 на ДУИ и еден на ДПА.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија