Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на Синсинати мастерсот против Милош Раониќ. Првиот светски рекет по голема, исрпувачка борба која траеше три часа, го победи Роберто Баутиста-Агут со 2:1 (4/6, 6/4, 7/6).
Ѓоковиќ покрај упорниот Шпанец се бореше и со болките во вратот и стпомакот, Србинот имаше 5:2 во решавачкиот сет, но му дозволи на Агут да направи пресврт и да се сервира за победа. Во 12 гем Ѓоковиќ направи брејк, а во тај-брејкот не му дозволи на противникот да освои ниту еден поен.
„Чуден меч. Не знам како успеав да победам. Тој беше подобар на теренот. Не се чувествував добро. Но го истуркав ова некако“, рекол Ѓоковиќ.
Според протоколот Ѓоковиќ на својот мајчин јазик го искоментирач мечот со Агут, употреби само три збора.
„Победа је победа (Победата си е победа)“.
Ѓоковиќ вечерва во финалето од 19 часот ќе игра против Раониќ.
> „Не знам како успеав да победам. Тој беше подобар играч“ <