ПСЖ го мина европскиот првак Баерн и во полу-финалето го чека победникот од натпреварот помеѓу Манчестер сити-Борусија Дортмунд. По натпреварот, газдата на клубот, Насер Ал-Келаифи, рекол дека по овој триумф Нејмар и Килијан Мебапе немаат причина да го напуштат ПСЖ.
На оваа изјава, се надоврзал Нејмар, кој за бразилскиот ЕСПН, потврдил дека нема намера да го напушти клубот.
„Ќе останам во ПСЖ. Новиот договор воопшто не е спорен. Очигедно е дека одлично се чувствувам во клубот. Никогаш не сум бил толку среќен“, порачал Нејмар.
Поранешниот менаџер на Нејмар, Вагнер Рибеиро, вчера изјави дека само прашање на време е кога фудбалерот и официјално ќе го потпише новиот договор.
„Ниту еден клуб не може да му понуди услови какви што му нуди ПСЖ. Реал има финансиски проблеми, во Барселона ситуацијата е уште полоша. Такви услови не може да му понуди никој во Италија, а не верувам дека толку пари имаат Сити и Јунајтед. Париз има добар тим. Оваа сезона ПСЖ ќе ја освојат Лигата на шампионите, а Нејмар ќе ја добие Златната топка,“ рекол Рибеиро.
> Нејмар: Ќе останам во ПСЖ, новиот договор не е спорен <