Утрински Весник
Спорт

Нејмар ќе биде замената за Роналдо на „Олд Трафорд“?

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста во своите редови да го доведе офанзивецот на Пари Сен Жермен, Нејмар, тврди британскиот „Мирор“. Се шпекулира дека Бразилецот ќе биде замената за Кристијано Роналдо.

dobivaj vesti na viber

Се чини дека 37-годишниот Португалец нема да остане на „Олд Трафорд“ во новата сезона, тој побарал раскин на договорот со Манчестер Јунајтед, па сега раководството на клубот забрзано работи на нов напаѓач кој ќе го заземе неговото место.

Во вторникот имаше средба помеѓу Роналдо и шефовите на „црвените ѓаволи“ и се чини дека не заврши позитивно, бидејќи фудбалерот уште еднаш повторил дека сака да си замине од „Олд Трафорд“. Тој ја прескокна претсезонската турнеја во Австралија и продолжува да тренира одвоено од соиграчите, што е јасен знак за неговите намери.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина