Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Нејмар третпат ја тужи Барселона, сега бара 6,5 милиони евра

Нејмар третпат ја тужи Барселона, сега бара 6,5 милиони евра
Img 7972

Париз, 28 февруари 2020 (МИА) – „Мундо Депортиво“ објави дека бразилската фудбалска ѕвезда по третпат ја тужи Барселона, овојпат барајќи 6,5 милиони евра поради данокот за „фиктивни договори“ што сам мораше да го плати. Претходните две, кои не се решени, се однесуваат на лојалноста што ја имаше кон клубот.

Нејмар од 2017 година е член на ПСЖ, но неговата сага со Барселона сè уште трае. Бразилецот пред три години реши да замине од „Камп Ноу“ и да ја прифати 222 милиона евра вредната понуда на „светците“. Меѓутоа „конекцијата“ со Барса остана.

Медиумите забележуваат дека Нејмар ја тужи Барселона по секој неуспешен обид за враќање на „Камп Ноу“, но Бразилецот не сака така лесно да дигне раце од пари за кои е убеден дека има право.

Нејмар настапуваше за Барселона од 2013 година до 2017 година и во тој период одигра 185 меча и постигна 106 гола. сѓд /сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа