Утрински Весник
Спорт

Нејмар треба да се откаже од 30 милиони евра годишно за да се врати на „Камп ноу“

ПСЖ: На Нејмар снимањето реклами му е поважно од рехабилитацијата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Париз, 21 април 2020 (МИА) – Напаѓачот на Пари Сен Жермен се соочува со најважната одлука во неговиот живот, пренесува „Мундо Депортиво“.

Според каталонскиот весник, бразилскиот техничар ќе треба да ги проголта пропуштените финансиски придобивки од околу 30 милиони евра годишно ако се врати на „Камп Ноу“.

Во моментов, платата на Неј на „Парк де Пренс“ надминува 50 милиони евра, бидејќи на неговата плата се додаваат бонуси од Националната банка на Катар.

Во Барса, тој ќе мора да потпише договор од околу 20 милиони евра годишно. Ова би можело да биде последниот воз кој го фаќа Нејмар во Барселона.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025