Утрински Весник
Спорт

Нејмар добил „ултиматум“од ПСЖ

Нејмар добил „ултиматум“од ПСЖ
Dik 300x250 mk

Пари Сен-Жермен му дале на Нејмар краен рок да го потпише продолжувањето на договорот во следните две недели, бидејќи стравуваат дека тој ќе се врати во Барселона, тврди шпанскиот весник „Диарио Спорт“.

Договорот на 29-годишниот Нејмар завршува следното лето, и ПСЖ подолго време му имаат понудено договор, кој тој го нема потпишано. Сега, пред полуфиналето на Лигата на шампионите со Манчестер сити, ПСЖ бараат одговор. Според „Диарио Спорт“, се работи за договор до 2027 година, со што би се ставило крај на сите шпекулации за враќањето во Барселона, а во четвртокот и францускиот „Л’Екип“ објави дека во ПСЖ се нервозни и сакаат ситуацијата да се реши пред првиот меч против Сити на 28 април.

Нејмар јавно изјавуваше дека сака да остане во Париз и дека продолжувањето на договорот „не е тема“ во сезона во која постигна 13 гола и имаше 6 асистенции во 22 меча. Сепак, во Шпанија веруваат дека новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта планира да го врати на „Ноу Камп“ заедно со обновувањето на договорот на Лионел Меси, што се негови две главни цели ова лето.

> Нејмар добил „ултиматум“од ПСЖ <

Можете да прочитате

По новите докази ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018

Рељиќ со победа над Бразил и нефер пораз од Кина на Светско првенство Г-14

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика