Утрински Весник
Магазин

„Нетфликс“ укинува 150 работни места во САД откако изгуби претплатници

„Нетфликс отпушти околу 150 вработени, само еден месец откако стриминг-гигантот соопшти дека бележи пад на бројот на претплатници за првпат по една деценија.

Отказите, објавени од компанијата во вторникот, главно ќе влијаат на нејзината канцеларија во Калифорнија. Тие сочинуваат околу 2% од нејзината работна сила во Северна Америка.

„Нетфликс“ објасни дека губењето на работните места се должи на падот на приходите на компанијата.

Стриминг-сервисот се бори со егзодус на гледачи оваа година.

„Овие промени првенствено се водени од деловните потреби, а не од индивидуалните перформанси, што ги прави особено тешки бидејќи никој од нас не сака да се збогува со толку одлични колеги“, се наведува во соопштението на компанијата.

Не е откриено кои делови од бизнисот ќе претрпат загуба на работни места, но „Лос Анџелес тајмс“ објави дека регрутирање, комуникации како и одделот за содржина се засегнати.

Можете да прочитате

(ВИДЕО) Тројца Руси скокнаа со падобран од стратосферата на Северниот пол и поставија светски рекорд

„Последниот“ 10. филм на Тарантино во мирување

„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили