Утрински Весник
Магазин

„Нетфликс“ подготвува година на посластици за љубителите на аниме

„Нетфликс“ подготвува година на посластици за љубителите на аниме
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Стриминг-гигантот „Нетфликс“ во вторникот откри пет сосема нови оригинални аниме серии и уште 11 други серии во различни фази на продукција за следната година.

Тоа е еклектичен микс од приказни што ветува нешто за секого – од авантура во тематски парк до комунална култура на капење споделена од Римјаните и Јапонците, како и сторија за поранешен гангстер кој презема нова улога како сопруг кој останува дома. Овој микс е  создаден од јапонски влијателни уметници и филмски продуценти.

Најавата беше пренесувана во живо од седиштето на стримерот во Токио со водителот на аниме вести Хисанори Јошида и манекенката-актерка Рио Учида.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Михи – првата вселенска патничка во ортопедска количка

Рим ќе наплаќа влез за фонтаната Ди треви

Sarah Mace & The Girlzz ја отворија празничната сезона со магичен концерт во Битола