Лос Анџелес, 6 мај 2020 (/) – По цело десетлетие откако заврши светскиот хит „Канцеларија“, Стив Карел се враќа во нова хумористична серија. Станува збор за „Space force“ (Вселенски сили), на Нетфликс.
По објавувањето на новиот трејлер, обожавателите на комичарот коментираат дека смислата за хумор е истата.
Во новата научнофантастична комедија, Карел го глуми искусниот пилот и генерал Марк Нерд.
– Ќе има недостатоци! Но, големината никогаш не се стекнува без жртви!, вели генералот во трејлерот.
Прикажувањето на серијата треба да почне на 29 мај. си/