Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

„Нетфликс“ изгуби четвртина од својата вредност откако ја напушти Русија

„Нетфликс“ изгуби четвртина од својата вредност откако ја напушти Русија
300x250 opst2

Акциите на „Нетфликс“ изгубија четвртина од вредноста откако компанијата откри дека нејзините претплатници се намалиле во првиот квартал од оваа година поради напуштањето на Русија. Ова е прв пат во последните десет години водечкиот стриминг телевизиски сервис да изгуби претплатници, наведувајќи го како причина за тоа прекинот на услугите во Русија поради инвазијата на Москва на Украина.

„Нетфликс“ го заврши првиот квартал од оваа година со 221,6 милиони претплатници, нешто помалку од последниот квартал од минатата година. Технолошката компанија од Силиконската долина објави нето приход од 1,6 милијарди долари во неодамна завршениот квартал, што е за 100 милиони долари повеќе од истиот период претходната година.

Акциите на „Нетфликс“ паднаа за повеќе од 25 отсто, на 258,39 долари, по објавувањето на финансиските показатели за првиот квартал.

Можете да прочитате

Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија: 3,1 отсто раст во 2025 година, 3 проценти во 2026 и 3 отсто во 2027

Пад на инфлацијата во септември во однос на претходниот месец за 0,2 отсто

Направени првите трансакции преку СЕПА, за гувернерот ова е историски ден за државата