Утрински Весник
Економија

Нето-платата во февруари 27.206 денари

Уредба за минимална плата за април и мај за функционерите и сите назначени лица во јавниот сектор

Скопје, 21 април 2020 (МИА) – Просечната месечна исплатена нето плата по работник во февруари годинава изнесува 27.206  денари и бележи раст од 12,5 отсто во однос на февруари лани, објави Државиот завод за статитика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: стручни, научни и технички дејности за 20,1 отсто, уметност, забава и рекреација за 19,3 отсто и преработувачка индустрија за 17,7 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во финансиските дејности и дејности на осигурување за 14,9 отсто, рударство и вадење камен за 12,8 отсто и транспорт и складирање за 11 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2020 година изнесува 40.588 денари. скс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Колони на „Ќафасан“: Илјадници Албанци доаѓаат во Македонија по поевтино гориво

Филипче: Кошничката е 68.000 денари, ниту 600 евра плата не би ја ублажила кризата

Мицкоски: Исполнети се условите да ги намалиме акцизите за дизелот за 4, а на бензините за 2 денара по литар