Утрински Весник
Македонија

Нестабилно време со можност за пороен дожд

Нестабилно време со можност за пороен дожд
Dik 300x250 mk

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно.

На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 23 степени.

Локална нестабилност ќе има и во недела, а од понеделник до среда следува стабилно време со значителен пораст на дневната температура.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Шлепери почнаа да се паркираат на тротоарите во Чаир