Утрински Весник
Македонија

До ДИК поднесени 82 приговори

ДИК најави резултати во 23 часот

До Државната изборна комисија (ДИК) вчера пристигнале 82 приговори и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето.

Како што информираат од ДИК, најголем број од приговорите, – 74, се од Алијанса за Албанците, а има и два од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето.

До 19 часот и 30 минути вечерва може да се поднесуваат приговори за сумирањето и утврдувањето на резултатите од предвремените парламентарни избори.

По завршувањето на роковите, ДИК ќе закаже седница на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува, соопшти вчера претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ДИК: Радически освои 2.943 гласа во Брвеница, излезеноста 46,56 отсто

ВМРО-ДПМНЕ со најмногу гласови во Брвеница – Радичевски освои 2.943 гласа

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните