Утрински Весник
Свет

Несреќа во Израел, автобус излетал од патот, повредени најмалку 38 патници

Најмалку 38 патници се повредени утринава кога автобус со пензионери излетал од автопатот кон Ерусалим, објави „Тајмс оф Израел“.

dobivaj vesti na viber

Автобусот минувал низ градот Модин кога пробил заштитна ограда и слетал во канал, соопшти полицијата.

Итната помош соопшти дека 38 патници се повредени, а четворица од нив завршиле во болница, пренесуваат агенциите.

Спасувачите прво ги извлекле постарите патници, од кои некои не можеле сами да излезат. Повеќето морале да излезат низ прозорците.

Во автобусот имало пензионери кои оделе на пат.

Според податоците на групата за безбедност на патиштата „Ор Јарок“, од почетокот на годината на израелските патишта загинале 180 лица.

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела