Утрински Весник
Македонија

Неспроведувањето на возачот на „Дурмо турс“ го одложи рочиштето за „Ласкарци“

Автобусот на „Дурмо турс“ имал уред за манипулација на брзината, тврди возач од компанијата

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Неспроведувањето на обвинетиот  Маноил Труфуновски, возачот на автобусот на „Дурмо турс“, е причина за одложувањето на денешното рочиште за автобуската несреќа што се случи на 13 февруари минатата година кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци.

Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело. мд/оџ/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава