Утрински Весник
Магазин

Неспоредливата Шерон Стоун наполни 64 години

Неспоредливата Шерон Стоун наполни 64 години

Холивудската ветеранка Шерон Стоун наполни 64 години во четвртокот, а ден пред тоа се најде на насловната страница на португалски GQ.

Откако ја започна актерската кариера во 1980-тите, Стоун стана позната по улогите на фатални убавици во „Ниски страсти“, еротски трилер од 1992 година со најкоментираната сцена на вкрстување на нозете, „Специјалист“ и „Казино“.

Стоун има освоено „Еми“ и „Златен глобус“, а доби и своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

Оваа актерка плени со својот изглед, убавата насмевка и ставот на самоуверена дама. Многумина сметаат дека таа сè уште е една од најхаризматичните појави.

Стоун изгледа прекрасно на корицата на најновото издание на магазинот GQ Portugal („Џеј-кју“ Португалија).

Во средата, таа се огласи на Инстаграм за да сподели фотографии и да се заблагодари на фантастичниот тим на публикацијата.

Холивудската ветеранка сподели две различни насловни фотографии од профилотна GQ Portugal и рече: „Ви благодарам @gqportugal и фантастичниот тим“.

Алтернативната корица има уметничка снимка од Стоун, одблиску и заматена.

Можете да прочитате

Американска единица им нуди на војниците бесплатни денови за играње видео игри ако го продолжат договорот

Започнува Runfire Salt Lake Ultra Trail на бескрајната белина на Соленото Езеро

Зошто постојано го проверуваме телефонот и како да ја контролиме навиката?