Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Нереди на Лезбос, петмина уапсени по демонстрациите против новиот мигрантски камп

Нереди на Лезбос, петмина уапсени по демонстрациите против новиот мигрантски камп
300x250 opst2

Грчката полиција приведе најмалку пет лица по насилството за време на демонстрациите против планот за изградба на нов мигрантски камп на Лезбос, соопштија денеска властите.

По мирниот марш до локацијата Плати по обилните врнежи од дожд претходниот ден, мала група демонстранти запалија големи машини што ги користела приватна компанија за реализација на проект вреден 87,5 милиони евра.

Планирано е кампот да биде завршен до септември на локација 30 километри северно од Митилена, главниот град на островот. Во него ќе бидат сместени до 3.000 мигранти и баратели на азил, објавија агенциите.

Лезбос беше најпрометната точка за бегалците и мигрантите да влезат во ЕУ во 2015 и 2016 година, кога стотици илјади луѓе преминаа од Турција бегајќи од војните во Сирија, Ирак и други земји.

Постојано преполниот камп „Морија“ изгоре во јужниот дел на островот во 2020 година, а луѓето кои престојуваа во него сега се во привремено сместување.

ЕУ финансира изградба на нови кампови на пет грчки острови во близина на брегот на Турција. Слободата на движење е ограничена на нови локации, што беше критикувано од хуманитарните организации, пишуваат медиумите во регионот.

Можете да прочитате

Хорор во Шведска: 14 годишно момче рани шест лица

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

Уапсен руски милијардер поради серија убиства