Утрински Весник
Спорт

„Нераѕурите“ слават во Милано, првата честитка стигна од Јуве!

„Нераѕурите“ слават во Милано, првата честитка стигна од Јуве!

Интер по 19-ти пат е италијански шампион откако Аталанта не успеа да победи кај Сасуоло (1:1), што предизвика вистинска бура во Милано, каде што навивачите веќе ја прославуваат првата титула од славната 2010 година, кога беа тројни шампиони под водство на Жозе Мурињо и со Горан Пандев во тимот.

Илјадници фанови на Интер се собраа на централниот плоштад „Пјаца Дуомо“, и покрај барањата на клубот да се почитуваат ограничувањата за поради КОВИД. Ова е четврта титула од Серија А за тренерот Антонио Конте, по трите титули кои ги освои со Јувентус.

„Старата дама“ беше прв клуб од Серија А кој честиташе на ривалите на социјалните мрежи, а првпат по подолго време се јави и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, кој му честиташе на газдата на Интер, Стивен Жанг, и вети дека „ќе се вратат“ следната сезона.

Аталанта утна пенал, Интер е нов италијански шампион!

> „Нераѕурите“ слават во Милано, првата честитка стигна од Јуве! <

Можете да прочитате

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место

Хрватска се намачи за да ја совлада Грузија

„Сантијаго Бернабеу“ ги исвирка играчите на Реал Мадрид