Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Непознато лице се претставувало како вработен во УЈП и барало пари од даночни обврзници

Dik 300x250 mk

Управата за јавни приходи известува дека изминативе денови непознато лице, лажно се претставувало дека работи во Управата како одговорно лице за наплата на долгови и барало пари од даночни обврзници со цел да го намали долгот што истите го имале спрема Управата за јавни приходи.

dobivaj vesti na viber

„Управата за јавни приходи денес дојде до оваа информација, и согласно член 391 од Кривичниот законик веднаш ја пријави оваа случка во Министерството за внатрешни работи во ОВР Кавадарци. УЈП известува дека задолженијата што даночните обврзници ги имаат (согласно даночните решенија и пријави) и уплатите, преку носителите на платен промет и трезорскиот систем се книжат автоматски. Само со плаќање на даночниот долг преку носителите на платен промет и трезорскиот систем може да престане обврската на даночниот должник“, велат од УЈП.

Оттука апелираат до сите даночни обврзници да не потпаѓаат под вакви дејствија на поединци.

Можете да прочитате

Филипче: Во недела изберете луѓе со интегритет, не послушници на Мицкоски

Додека јас сум премиер нема да има непринципиелен договор со Бугарија, вели Мицкоски

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ наследи средена држава со стабилни финансии, за година и пол направија хаос