Утрински Весник
Свет

Неофашистите предизвикаа нереди во центарот на Рим, нападнати новинарски екипи (видео)

Неофашистите предизвикаа нереди во центарот на Рим, нападнати новинарски екипи (видео)

 

Рим, 6 јуни 2020 (МИА) – Припадниците на екстремната десница и најрадикалните навивачки групи денеска одржаа антивладин протест во Рим, кога за кратко време дојде и до судир со полицијата и новинарите.

Неофашистите од екстремно десничарското движење „Форца Нуова“, исто така, поздравуваа со фашистичкиот поздрав, пренесуваат американските медиуми.

Неколкумина демонстранти во еден момент се обидоа да ги избркаат новинарите, фрлајќи шишиња и петарди кон нив. Реагираше кордонот полиција додека се приближуваше до демонстрантите, што беше проследено со неколкуминутна напнатост. сд/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Голема британска банка отпушта 5000 работнции, дел ќе бидат заменети со АИ

Германската армија предупредува на сериозна закана од руска саботажа

Судот во Франција досудува изненадувачки благи казни за обвинетите за немирите