Утрински Весник
Магазин

Необјавена снимка од Џон Ленон се продава на аукција во Копенхаген

Необјавена снимка од Џон Ленон се продава на аукција во Копенхаген

Аудиокасета на која има снимен разговор со Џон Ленон и Јоко Оно додека двајцата ја посетиле Данска во 1970 година и досега необјавена песна на Ленон, ќе се најде на аукција денес (28 септември) во Копенхаген.

Лентата, со песната Radio Peace, е снимена на 5 јануари 1970 година од четири момчиња од Данска, кои успеале да добијат интервју со парот за локално училишно списание.

Аукциската куќа „Брун Расмусен“ соопшти дека аудиокасетата, која четворицата ја продаваат заедно со фотографиите од состанокот, е проценета меѓу 31,500 и 47,000 долари.

За време на 33-минутната снимка, Ленон зборува за мировната кампања на двојката, неговата фрустрација од имиџот на „Битлси“, и за должината на косата.

Можете да прочитате

Ново истражување: Пестицидите од храната завршуваат во телото

Од музеј во Парма украдени три слики вредни околу девет милиони евра

Италијански остров нуди 15.000 евра за преселба и месечен надоместок за деца