Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Ненс јуниор за 10 дена изгубил 10 килограми

Ненс јуниор за 10 дена изгубил 10 килограми
Img 7972

Кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Лери Ненс јуниор, последните денови се бори со мистериозна болест. како што објавија американските медиуми, Ненс јуниор, во последните десет дена изгубил десет килограми.

Ненс јуниот не се чувствувал добро на 29.март, кога го пропуштил тренингот, а потоа и натпреварот со Јута Џез, во Солт Лејк сити.

Кошаркарот бил негативен на вирусот Ковид-19, а докторите не можат да откријат за каква болест станува збор.

Ненс јуниор константно повраќал и примал инфузија. Познато е дека кошаркарот боледува од Хроновата болест, лекарите се сомневаат дека тоа е поврзано со состојбата во која се наоѓа.

Ненс јуниор оваа сезона одиграл 29 натпревари, бележи во просек 10 поени и 7 скока.

> Ненс јуниор за 10 дена изгубил 10 килограми <

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025