Утрински Весник
Свет

Ненси Пелоси одби да го осуди соборувањето на статуата во Колумо во Балтимор

Ненси Пелоси одби да го осуди соборувањето на статуата во Колумо во Балтимор
300x250 (7)

Спикерот на американскот Претставнички дом, Ненси Пелоси, одби да ги осуди демонстрантите што ја соборија статуата на Христофор Колумбо во нејзиниот роден град Балтимор пред да ја фрлат во пристаништето во близина, пренесува „Њујорк пост“.

„Сметам дека заедницата одлучува какви статуи сака да гледа“, рече Пелоси на прашањето за коментар за инцидентот на 4 јули кога толпа активисти ја срушија статуата на Колумбо, ја одвлекоа до работ на пристаништето и ја фрлија во водата.

Ss1

Објаснувајќи го својот став, демократската конгресменка рече дека не е сентиментална личност, па дури и отиде дотаму што ги спореди спомениците со обетките на својата баба, што не ги сочувала.

„Јас не сум една од оние луѓе што ќе речат: ‘Ох, нечија статуа на некое мсто е важна работа. Ако заедницата не сака статуа таму, статуата не треба да биде таму. Не ми е гајле многу за статуите“, рече таа на брифингот во Капитол Хил.

Кога еден известувач ѝ возврати на Пелоси, велејќи дека ќе биде подобро Градскиот совет да ја отстрани статуата наместо некоја толпа во текот на ноќта, конгресменката рече: „Луѓето ќе го сторат она што го прават“.

Ноншалантниот став на Пелоси кон соборувањето на статуите низ целата земја по смртта на Џорџ Флојд е во спротивност на ставот на претседателот Трамп, кој предупреди дека ќе воведе големи казнени казни за сторителите.

Пелоси, чиј татко беше градоначалник на Балтимор од 1947 до 1959 година, исто така зазеде поинаков став пред локалните лидери, кои го осудија однесувањето на демонстрантите. Градоначалникот на Балтимор, Бернар Ц. Џек Јанг, изјави дека нема да толерира уништување на статуата на италијанскиот истражувач од 15 век, кој ја колонизира Америка.

„Ако ги идентификуваме сторителите, тие ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Ние поддржуваме мирен протест. Ова не е мирен протест. Неприфатливо е“, рече Јанг.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската влада на трговците им даде рок од две недели да ги намалат цените на горивата

ОН: Речиси 282 милиони луѓе во светот се соочува со акутен глад во 2023 година

Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“