Утрински Весник
Свет

Ненси Пелоси го напушта Тајван поради зголемените тензии

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси и покрај бројните предупредувања од официјален Пекинг е во посета на Тајван, но според последните информации поради зголемените тензии ќе мора да го напушти.

dobivaj vesti na viber

Азиската турнеја ќе ја продолжи во Јапонија и Јужна Кореја.

Во Тајпеј, Пелоси се сретна со шефот на администрацијата на Тајван, Цаи Инг-вен. Таа се обрати и до парламентот со порака дека Америка недвосмислено стои со Тајван. Од друга страна, Пекинг им порача на САД да не сонуваат да ја попречат големата цел за повторно обединување на Кина: „Без разлика колку САД се залагаат за „независноста“ на островот, тие напори ќе бидат залудни“, посочи Ванг, пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

Шпанските машиновозачи ќе штрајкуваат по сериозните несреќи

Американски министер: Гренланд мора да биде дел од САД, Данска е небитна

Трамп тргна за Давос, ќе се обрати во 14.30 часот по европско време