Утрински Весник
Свет

Немири во Хаг, приведени 20 лица

Немири во Хаг, приведени 20 лица

Хашката полиција уапси повеќе од 20 лица кои фрлале по нив со камења, јајца и петарди, за време на немирите во една сиромашна населба.

Немирите започнале пред две ноќи кога официјалните лица им забрануваниле на младите луѓе да ги пуштат хидрантите за гаснење на пожари за да се разладат, пренесува АП.

Повеќе од 20 лица се уапсени под обвинение дека биле насилни или поттикнуваат насилство против полицијата, а заради немирите што не престанаа ни синоќа, локалните власти и дадоа дополнителни овластувања на полицијата за апсење на лицата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три ракети и два дрона утрово навлегоа во воздушниот простор на Молдавија

Синдикатите на станарите во Шпанија повикаа на протести и генерален штрајк

Франција во затворите има над 90.000 осудени лица