Утрински Весник
Македонија

Нема нови позитивни на ковид во СЕП, реорганизиран работниот процес

Струмичанка, која се лекува на клиника во Скопје, позитивна на Ковид-19

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – По потврдените случаи на Ковид-19 кај двајца вработени во Секретаријатот за европски прашања, тие се во излолација. Во изолација се и сите нивни контакти, кои се тестирани и сите се негативни, а процесот на работа е реорирганизран согласно здравствените протоколи, изјави вицепремиерот Бујар Османи.

– Јас не сум бил во близок контакт со тие вработени, но сепак се тестирав уште завчера и резултатот е негативен. Меѓутоа веднаш почнавме процес на реорганизација на работењето, дезинфицирање на целата зграда и функционирање во рамки на протоколите кои ги утврдува Комисијата за заразни болести, одговори Османи на новинарско прашање.

Тој кажа дека во услови на позитивни на коронавирусот во која било државна институција протоколите мора да се почитуваат. Османи го повтори предлогот во секоја државна институција или приватна компанија да биде назначено лице ковид – координатор, чија единствена работна задача ќе биде да следи дали целосно се почитуваат протоколите за физичка дистанца, носење маска и често миење раце. вг/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава