Делчево, 30 мај 2020 (МИА) – Честиот дефект на лифтот во зградата во која живее на улица „Кеј на Брегалница“, му го отежнува животот на 31-годишното лице со попреченост, Далибор Станковски од Делчево. Слегувањето на улица без лифт и помош од другите, како што вели Далибор е невозможна, но често и неостварлива, бидејки не се наоѓаат често луѓе кои ќе го спуштат по скалите, за да излезе надвор од зградата.
-Лифтот веќе неколку дена не работи, поради што сум заглавен дома и не можам да излегувам. Често ми помагаат соседи, но некогаш нема никој дома, луѓето се на работа, така што сум принуден да седам дома. Кога пак има кој да ми помогне, количката симнувајки се скала по скала се оштетува, што ми претставува дополнителен проблем, вели Станковски.
За неработата на лифтот се пожалија и соседите, кои рекоа дека уредно плаќаат за негово одржување и тој треба да работи.


